Општи услови
 
ОПШТИ ОДРЕДБИ И УСЛОВИ

Возилото е неотуѓива сопственост на ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР и корисникот нема други права, освен истите кои му ѓи дава
наемниот договор.

1.Овластено управување со возило-Изнајменото возило можат да го возат лица постари од 23 години кои имаат возачка дозвола 3 години (3 x 365 дена ).

2.Наем на возило-Возилото го превзема корисникот на возилото со склучување на наемен договор. Со потписот на договорот потврдува дека возилото и целата опрема наведени на страна 1 од договорот е во исправна сосотојба. Корисникот е должен да го врати возилото во рок наведен во договрот.

3. Опомена-Изнајменото возило не смее да се употребува:

а)за платен промет на патници и стока

б)ако лицето, кое го склучили договорот дало лажни податоци

в)за било кои натпреварувања,брзинска проба или трки

г)под влијание на алкохол, средства за смирување,наркотици,средства за спиење и други лекови

д)кога возилото не е во возна состојба или е преоптоварено со прекубројни патници или багаж, измината регистрација или од која било причина возилото не е технички исправно.

ѓ)надвор од категоризирани сообраќајници

е)надвор од одредените услови,забрана или препораки, кои се однесуваат на употребата на возилото во одредени држави или региони,корисникот ѓи усогласува со условите пропишани на договорот. ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР ја одбива одговорноста за било каква забрана или оштетување кое било предизвикано со неочитување на горните забрани.

4.Одговорност на корисникот за штета-Корисникот одговара за целата штета на возилото,делови и дополнителна опрема која не се признава по услови и одредби на каско осигурување. Корисникот одговара исто и за штета која би настанала на возилото, деловите и дополнителната опрема од несоодветна
употреба. Корисникот одговара и за штета која би настанала поради замена на делови или опрема, кога истата замена не е потребна, односно била направена така да нов или добар дел е заменет со стар или послаб. Корисникот се обврзува секоја констатирана штета, надвор од одредените услови, да ја подмири по поднесувањето на дополнителната сметка која е доставена од ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР.

5. Во случај да корисникот има намера да го управува предметното возило надвор од границите на Република Македонија, истиот е согласен и е должен да положи депозит во висина од 30% од проценетата вредност на возилото (процената ја вршат вработени лица во ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР). Истиот депозит, по одбивање на вредноста на фактурата за користење на предметното возило, му се враќа на корисникот при враќањето на возилото.

6. Плаќање на фактура - По завршување на наемот се прави пресметка на наемниот договор врз основа на ценовникот, со важност при склучување на договорот со придржување на податоци кои се во договорот, дополнителните трошоци и можните посебни услови.Корисникот е должен да ја
подмири сметката при враќањето на возилото по приложената сметка, односно во рок од 8 дена по приемот на фактурата. Ако фактурата не е патена во рок, пресметуваме затезна камата во согласност со законските прописи, ако во договорот не е поинаку договорено.

7. Продолжување на наемот-кога корисникот сака да го продолжи наемот за тоа мора еден ден однапред да ја извести деловницата што го издава возилото. Во случај кога корисникот возилото го враќа после датумот наведен на склучувањето на наемниот договор, а во тек на наемот дошло до
промена на цените, се пресметуваат новите цени од денот кој бил предвиден возилото да се врати. По новите цени се пресметуваат и километрите и тоа: 

-бројот на поминати километри се дели со бројот на наемните денови.

На тој начин, добиениот просечен број на поминати километри на ден се множат со број на пресметаните денови над догововорениот датум за враќање и така добиените километри се пресметуваат по нова цена.

8.Километража - Бројот на извозените километри за време на немот на возилото се утврдува според фабрички вградениот бројач на километри. Бројачите на возилата се пломбирани а корисникот мора при превземањето на возилото да се увери дека пломбата е на свое место.

9. Во случај при враќање на возилото да се утврди дека пломбата е симната, на странката и се пресметува за секој наемен дел дополнителни 500 км по важечкиот ценовник.

10. Гориво-горивото не е вклучено во наемот. Возилото се издава со полн резервоар и мора да биде вратено со полн резервоар гориво.

11. Одржување - Корисникот се обврзува дека ќе се грижи за возилото и редовно ќе го контролира нивото на мслото во моторот,автоматскиот менувач, ако истиот постј во инјаменото возило, вода во ладилникот и акумулаторот, како и правилниот притисок во гумите. Маслото мора да се менува на секои 5000 км. Трошоците на корисникот ќе му се признаат ако приложи сметка или фактура од дотичното претпријатие. Корисникот е должен да ги плати сите оштетувања од недоволно одржување.

12. Дефекти - Поправка или замена на делови на возилото може да се вршат само во овластени сервиси, а со претходно одобрение од деловницата која го дала возилото на наем. Трошоците на корисникот му се враќаат по приложување на сметката. Во случај на замена на делови, корисникот е должен да ѓи приложи и заменетите делови. Во случај поправката да е направена во странство, наемникот е должен и покрај претходната дозвола од деловницата за поправка, при премин на државната граница да ја завери сметката за извршената поправка и да го пријави заменетиот дел. На корисникот по договор и по претходното одобрување му се признаваат трошоците во висина на приложената сметка во денари, пресметано по средниот курс на Народна Банка на Р. Македонија на денот на пресметувањето. За поправка во странство, без претходна согласност на ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР по враќањето на возилото на корисникот му се признаваат трошоци по приложената сметка, во висина која ке ја оцени комисијата на ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР, а во денарска противредност пресметана по средниот курс на Народна Банка на Р. Македонија на денот на пресметувањето. Ако поправката била извршена надвор од овластен сервис без претходна најава и без приложена сметка, трошоците не се признаваат. Ако при враќањето на возилото се констатира дека било кој дел од возилото, опремата или дополнителната опрема е изгубен, корисникот е должен да ја плати штетата во висина на цената на изгубениот дел или опрема која важи на денот на враќањето на возилото.

13. Документи и клуч - Сите возила се опремени со потребни документи, вклучувајќи ги и документите за премин преку државната граница, за кои наемникот одговара. Во случај на губење на документите или клучот, наемникот е должен да ги подмири трошоците за истите. 

14. Осигурување на патници - Со дневна доплата во висина која се одредува според важечкиот ценовник, возачот и патниците се осигурани од телесни повреди или смрт, а според важечката полиса.

15. Осигурување на возилата-Сите возила сопственост на ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР се осигурани против одговорност за штета на трети лица Осигурителната заедница ја покрива штетата која ја направиле возилата до висина со закон одредениот осигурителен износ, на ден на случување
на штетата. Сите возила кои се сопственост на ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР се каско осигурани со франшиза . Корисникот ја покрива штетата до висина на одбиената франшиза во случај да однапред го нема платено дневниот додаток за осигурување по важечкиот ценовник. Осигурувањето во никој случај не ги покрива штетите настанатина коритото за масло (картер) и гумите, кои што ги сноси корисникот сам.

16. Осигурување од кражба - Возилото, алатите, приборот и опремата можно е со доплата во висина од договорот кои ги одредува важечкиот ценовник, да се осигураат од кражба. Во случај такво осигурување да не е склучено, а дојде до кражба на возилото, делови, алат, прибор или опрема, а тие штети не ги покрива осигурувањето, корисникот е должен штетата да ја покрие сам. За секоја кражба мора да биде известена најблиската полицска станица и деловницата на ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР која го издала возилото во наем.

17. Незгоди - За секоја несреќа мора да се извести најблиската полициска станица и деловницата на ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР која го издала возилото. Потребно е да се пополни посебен формулар-Изјава за незгода, кој е приложен во документите од возилото, со сите податоци за незгодата и истиот да се достави до деловницата на издавање. Корисникот се обврзува дека ќе соработува со ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР во истрагата и постапата, односно несреќата. Доколку корисникот не ги исполни условите од овој член должен е трошоците предизвикани со несреќата да ги плати сам.

18. Важност и промени на наемниот договор-Наемниот договор стапува во сила по потпишување на двете договорни страни. Истовремено со наемниот договор важат и можните посебни договори, опреми или препораки, кои при приемот и со потписот одгворниот корисник ги потврдил, а се во прилог како составен дел на договорот. Ниедна одредба или услов од договорот не може да биде променета без согласност на ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР.

19. Сите вработени во ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР имаат право во секое време да го контролираат возилото. Во случај при контролата да утврдат дека корисникот ги крши одредбите од договорот, сите вработени во ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР се овластени да го одземат возилото. Вработениот при интервенцијата е должен, кога тоа е можно, да докаже дека е вработен во ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР. Пресметката за наем на возилото се прави до денот кога е возилото повторно во деловницата на ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР.

20. Корисникот  сам одговара за сообраќајните прекршоци за време на наемот. Корисникот сам одговара за висината на штетата која ја предизвикал со возилото за време на наемот, а осигурувањето од било кои причини не ја покрива штетата.

21. Во случај на спор договорена е надлежност на Судот во Скопје.

22. Во случај корисникот/наемникот да не го врати предметното возило во рок кој е предвиден со овој договор се смета дека корисникот противправно го присвоил возилото (кражба).За понатамошно
постапување надлежно е Министерството за внатрешни работи на Р.М., согласно одредбите од Кривичниот  законик на Р.М.

23. Дефинирање на термините:

ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР - соственик на возилото, кое е предмет на наемниот договор, со полн назив Трговско друштво за промет и услуги СТ.ЏОРЏ ДООЕЛ експорт - импорт Скопје, Подружница ГАРДЕН СПА РЕНТ А КАР Скопје. Леринска бр.2 Скопје.

Корисник/Наемник - лице кое го зело возилото во наем по договор и се обврзало да ги подмири сите трошоци од наемот. 

Возач - лице кое физички управува со возилото.